Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Украина со право се откажала од западните тактики

Процената доаѓа од еден од водечките американски тинк-тенкови Институтот за изучување на војната, а нивната порака е дека Западот треба да има повеќе доверба во Украина.

„Украинските сили го направија тоа што го прават успешни војски - се адаптираа и сега напредуваат. Украина ја препозна реалноста околу руската одбрана многу побрзо од западните политичари, кои очекуваат рапиден украински пробив,“ објаснуваат од институтот.

Украина контраофанзивата ја започна со тактиките што нејзината војска со месеци ги учеше во НАТО тренинг камповите, кои опфаќаа масовни комплицирани маневри на повеќе родови. По тешките загуби што ги претрпеа, Украинците се откажаа од овој пристап и преминаа на за нив попознатите тактики што се базираат на помали групи кои имаат поддршка од прецизна артилерија.

Уште во јули, авторите на Институтот објавија одделна проценка дека НАТО пристапот има сериозни слабости.

Една од главните критики на промената на украинската тактика е дека Украинците на овој начин ризикуваат да влезат во далеку подолг конфликт.