Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Услуги за бесплатна правна помош во Охрид и Струга

Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, чијашто цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош во Македонија. Тие ќе се обидат да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација, социјална заштита...

Информативните активности, организирани во 12 општини во Македонија, од 13 јули до 20 август, се очекува да ги зајакнат знаењата за бесплатната правна помош меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци, на тој начин подржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените и децата. 

Кампањата за БПП во Македонија се спроведува од 2021 година и има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам што нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и најважно од се, осигурува еднаков пристап до правната помош за оние кои инаку не би можеле да си ја дозволат.

Овој настан се организира во рамки на заедничкиот проект на Европската унија и на Советот на Европа „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, во тесна соработка со Министерството за правда и останатите членови на Националното координативно тело за бесплатна правна помош: подрачните одделенија на Министерството за правда, граѓански организации и правни клиники овластени да да даваат бесплатна правна помош (БПП).

Проектот е дел од заедничката програма на СЕ-ЕУ „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.”, иницијатива за соработка со која им се помага на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди. 

На 18 и 20 август следуваат активностите во Тетово и Делчево.