Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Утре во Истанбул концерт на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска

Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска досега реализирал голем број на концерти на сите сцени во Македонија и на најзначајните фестивали кај нас како: Скопско лето, Битфест, Штипско лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други манифестации. Членовите на гудачкиот квартет реализирале концерти во Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Франција и Танзанија.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата архиепископија на Константинопол.