logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Валенсија ја надигра и ја победи Барселона (ВИДЕО)

На Барса не и тргна со новиот тренер, каталонците со наведната глава си заминуваат од Местаља, примија два гола а можеа и повеќе.

Валенсија имаше голема шанса уште во 12. минута да поведе со 1-0, но Максимилијано Гомез не реализираше пенал.

До крајот на првиот дел Валенсија ја погоди и пречката, а Марк Тер Штеген имаше и фантастична одбрана.

По само три минути игра во вториот дел Валенсија конечно поведе, Жорди Алба си постигна автогол.

Во 77. минута 2-0 за Валенсија, Максимилијано Гомез даде гол со убаво пласиран удар и се искупи за промашениот пенал.

Пет минути подоцна Валенсија даде уште еден гол, кој беше поништен со ВАР поради фаул врз играч на Барселона.

Барселона не само што го загуби мечот, речиси и да не создаде вистинска шанса за гол.

Themes
ICO