Токму на овој ден, 19 мај 2002 година Кометал Ѓорче Петров стана европски шампион! Тоа беше успех кој ја сплоти нацијата и ни донесе моменти на радост и гордост на сите.

Тогаш, пред 18 години Александар Митевски напиша песна “КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ” која стана химна на нашите златни девојки. Токму на овој ден, АЛЕКСАНДАР И ДАЦ решија да направат “КАРАНТИНСКА” кавер верзија заедно со дел од нашите шампионки кои пееја со нас “од дома”. Благодарност (и тогаш и сега) до семејството КОСТОВСКИ кои ги помогнаа овие успеси и моменти за паметење. Истотака до Владимир Радиќ, Вања Бојков и комплетниот стручен штаб од тоа време.

Благодарност и до сите личности кои се вклучија во изработката на видео спотот од 2002 година (кадри кои се користат во нашето видео) и до ТОМАТО продукција која го изработи тоа видео издание.

Да се потсетиме уште еднаш на тие убави времиња на нашиот некогаш ракометен шампионски клуб и на девојките кои донесоа радост за сите нас.

КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ – 18 години потоа…