Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Насилство во Мичиген: Ученичка со стол удри наставничка по глава

Од: А1он

Ученичка од Мичиген фрли метално столче кон својата учителка, соборувајќи ја на земја, пишува NY Post.

На видео се гледа како средношколка чекори близу вратата од училницата во четвртокот како се расправа со нејзин врсник. Наставничката, обидувајќи се да ја смири ситуацијата, стои меѓу учениците кога е повредена. Столот ја удри во главата и таа падна на земја, останувајќи неподвижна неколку секунди.

Според директорот на училиштето, жената итно била пренесена во болница и пуштена на домашно лекување истиот ден.

Од училиштето најавија казна за ученичката.

„Ова видео совршено ја прикажува тажната состојба на образованието во Мичиген, нема чувство за ред или насока, нема почит кон наставниците и најлошо од сè, нема учење“, изјави поранешниот началник на полицијата во Детроит Џејмс Крег, кој планира да се кандидира како републиканец на претстојната трка за Сенатот.