Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВИДЕО: Познатата водителка ги бришеше солзите на сред вести, не можеше да престане да се смее

Од: А1он

Сузане Даубнер, познатата германска телевизиска водителка, вработена во АРД и личноста која го претставува „Тагесшау“ веќе 24 години, во средата доживеа тежок напад на смеење на средината на програмата.

Во неколку наврати, Даубнер се обиде да ги започне вестите за собирот што ќе следуваше во кабинетот на сојузниот канцелар, но таа повторно и повторно ја прекинуваше реченицата затоа што беше насмеана како никогаш досега во кариерата.

Кутрата жена им се извини на гледачите и си ги бришеше солзите, но не можеше да се вразуми речиси цела минута откако колегите Свен Лориг и Ана Планкен и го „предадоа“ кадарот.

Во интервју за Билд, Даубнер изјави дека и денес нема поим што точно и се случило, но изгледа дека всушност ја насмеал Лориг, кој претходно призна дека направил извештај за Светското првенство во рагби во Франција и покрај тоа што не ги знаел правилата на тој спорт.