Уште утре ќе имаме врнежи од дожд, а од недела ќе следи промена на времето.

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови, соопшти УХМР. Поради затоплување, на планините, врнежите повторно ќе преминуваат во дожд.

Од сабота ќе има стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Се очекува зголемување на водостојот на реките, но тие засега сеуште имаат простор да ги примат врнежите, без притоа да се излеат.