Macedonia

ВМРО-ДПМНЕ: 5 дена ја нема Јанева, Кики и Фрики од случајот „Рекет“ сѐ уште се на слобода

„Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод нема веќе морално право да говори за закони и да предлага решенија. Случајот „Рекет“ од ден во ден добива нова криминална димензија, а сѐпогласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта. Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите сѐуште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле.

Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера.

Катица Јанева веќе 5 ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој  рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не ѝ верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?

Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае како Катица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај.

СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт.

Право и правда мора да има, и ќе има. Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта. Доколку тоа не се случи, правда ќе има кога Зоран Заев ќе си замине, а тогаш ќе одговараат сите оние кои сториле криминал, како и сите оние кои се ставиле во функција на заштита на истиот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Football news:

Stefano Pioli: teo can become one of the best extreme defenders in the world
Arteta wants Ceballos to stay at Arsenal: he has become a really important player for us
Mourinho on son and Lloris clash: It's beautiful. If you want to blame someone, it's me
Real Madrid players will refuse bonuses for all the trophies they win this season
Barcelona are confident that they will sign Lautaro by October. Inter wants 90 million euros and one player
Aitor Karanka: If there is a team that can win back against Manchester City, it is real
Juventus and Atletico have started talks about the transfer of Lacazette. Inter are also Interested in him