Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Епска неспособност- надлежните 4 дена не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Како последен случај за оваа констатација го наведуваат здравството. 

„Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа.
Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола?

Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции. Неспособноста и неодговорноста на институциите може да загрозат животи и здравје. Недозволиво е за сериозна здравствена закана надлежните да креваат раменици и да дозволат суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други. Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот“, стои во реакцијата на опозициската партија.

„Ова е скандалозно. За ваквата епска неспособност и неажурност треба некој да понесе одговорност“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција испратена до медиумите.