Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Тетово нема вода за пиење, а власта ќе троши 70 илјади евра за журка и пејачи

„Власта на СДСМ и ДУИ е изгубена во просторот и одлепена од реалноста. За еднодневна прослава по повод Рамковниот договор ќе потроши над 70 илјади евра само за журка и пејачи, во време кога државата е во криза и кога во Тетово граѓаните немаат основни услови за живот“. Вака од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја коментираат организацијата за прослава на власта, која ја организираат за прославување на Рамковниот договор. 

„Додека тетовчани се без вода, десетици села во тетовско, гостиварско се без канализација, а арачиновци сеуште сонуваат за канализацијата која им беше ветена уште пред повеќе од 6 години, Ковачевски, Груби и останатите министри од најнеспобната влада ќе потрошат илјадници евра пари на граѓаните за забава.

Во 21 век има населени место во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово кои газат во кал заради неасфалтирани улици или немаат чиста вода за пиење, ама тоа криминалците од власта не ги интересира. Нив ги интересира добра прослава со познати музички ѕвезди, како и добар кетеринг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека немало пари за проекти и капитални инвестиции, а како што додаваат имало пари за приватна забава на Ковачевски и Груби.

„Во време на економска и енергетска криза, каде што илјадници граѓани остануваат без работа или не знаат како да го преживеат месецот власта реши да фрли пари за партиска прослава.

Малку им беше грабежот кои го прават на граѓаните преку зголемувањето на акцизите, даноците, како и преку десетиците криминални тендери, сега решија преку прослава да му замачкаат очи на народот.

Ова расипничко работење на криминалците од СДСМ и ДУИ за многу брзо ќе му дојде крајот. Граѓаните на следните предвремени парламентарни избори ќе го казни ова неодговорно и криминално работење на СДСМ и ДУИ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.