Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Вучиќ: Војската нема да влезе во Косово, Србија сака да стане членка на ЕУ

Од: А1он

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине административните премини со Косово, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската Унија.

„Зошто ова би било корисно за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјавата за „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.

„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500, затоа ќе го намалиме тој број на 4.000“, рече Вучиќ.

Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската на административна линија.

„Србија нема да има корист од тоа бидејќи би ја загрозило нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, рече Вучиќ во изјава за ФТ.