Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји.

Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.

„Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордеееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други поризводи од надвор“, изјави тој.