Macedonia

Заев: Изборите се решение, а не проблем, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака, ние немаме друг избор

Toj додаде дека изборите се потребни да се обезбедат целосно функционални институции, кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија. Затоа, изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и според состојбата со епидемијата. Повтори дека изборите треба да се одржат со сите мерки на заштита и без масовни настани.

„Северна Македонија мора подготвено и со сто проценти капацитет на инстутициите да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и со очекуваниот нов бран на вирусот“, подвлече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Истакна дека СДСМ сака избори на кои ќе учествува опозицијата.

„Ние имаме силен демократски капацитет и како досега ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес“, рече Заев.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи тоа е единствниот начин да се спречат пикови на заразата.

Football news:

Shirokov's concert in the Comment.Show: called Yakin a pure asshole, remembered the fight with Glushakov and quarrels over the Hulk and Witzel
Jon Flanagan: Trent is the best right-back in the world, but will end up playing in the Liverpool midfield
Kike Setien: the five-substitution Rule will hurt Barcelona
Riyad Marez: Now is the time for Manchester City to win the Champions League. We have everything for this
Havertz became The Bundesliga's all-time leading under-21 goalscorer
Crvena Zvezda became the champion of Serbia for the third time in a row
PSG will buy Icardi from Inter for 50+7 million euros. The clubs have agreed