Macedonia

Заев: Немаме директна комуникација за датумот за избори, верувам дека ќе се одржи лидерска средба

Немаме директна комуникација меѓу нас. Верувам дека ќе се одржи лидерска средба, заради тоа што можноста за одржување на лидерска средба навистина е до истекот на вонредната состојба. Кога ќе помине вонредната состојба останува неизвесноста дали ќе има нова или не, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали има комуникација со лидерот на опозицијата и дали ќе има нова лидерска средба.

Тој уште еднаш апелираше за трезвеност, опозицијата да ја прифати одговорноста и да се постигне договор изборите да се одржат во најбрзо можно време, односно пред почетокот на летото.

Според Заев, се што може да се направи на планот околу договор е до 30 мај и доколку нема прогласување нова вонредна состојба од 31 мај почнуваат да течат 22 преостанати денови од изборните рокови за да се одржат изборите на 21 јуни.

Прашан дали се уште останува изборите да се одржат на 21 јуни или пак е можен некаков компромис доколку Комисијата за заразни болести смета дека е премногу рано, Заев одговори доколку здравствените власти и здравствените експерти кажат дека е премногу рано, тогаш таа одлука ќе се почитува до крај.

Тој додаде дека СДСМ сака да постигне договор со опозицијата и со сите учесници на изборите.

-Досега постигнавме договор од тоа дали треба да одиме на избори, до датумот на изборите, распуштањето на парламентот, сите заедно поднесовме кандидатски листи, листите се прифатени од ДИК, завршено е жребувањето и сето тоа е завршено. Треба да се дозавршат преостанатите 22 денови. Остануваме отворени се додека можеме, а тоа е 30 мај, до завршувањето на вонредната состојба и доколку нема нова вонредна состојба не зависи од Заев, Ахмети или Гаши, кои сме владеачки партии, не зависи од нас, зашто се работи за Устав и закон, рече лидерот на СДСМ.

Уставот и законот мора да се почитуваат, бидејќи во демократска држава тоа е приоритет. Доколку тие не се почитуваат, повтори Заев кој било граѓанин може да ги предизвика пред Уставниот суд и резулатите од изборите и нашата изборна победа.

Football news:

Real Madrid held a team training session for the first time since March
ESPN reporter: Arsenal did not offer Aubameyang a new contract
Lucas Vasquez: Real Madrid have 11 finals ahead of them. I hope we can win the title
Liverpool confirmed that they will finish the season in New Balance
Zlatan will return to Italy on Wednesday or Thursday for a routine check-up with doctors in Milan
Manchester United will try to buy Sterling if he leaves city. In the short list United – Sancho, Grealish and Rodon (The Independent)
Liverpool players got down on one knee in memory of the deceased Floyd George