Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Закани до австрискиот канцелар поради ковид мерките: Укинете ги и повлечете се

Во заканувачкото писмо потпишано со „Групација“, на Шаленберг му е даден рок до крајот на ноември да ги повлече сите корона-мерки и да се повлече од политиката, а во спротивно „Групација“ се заканува со насилство на Шаленберг, неговото семејство и сојузниците.

Покрај австрискиот канцелар им се заканува и на министроте за внатрешни работи и здравје, Карл Нехамер и Волфганг Микштајн, на други членови на владата и на политичари од редовите на опозициската Социјалдемократска партија (СПО), кои го подржаа затворањето и најавеното воведување задолжителна вакцинација.

Министерот Нехамер кажа дека, кога од анонимен испраќач ќе се прими закана против демократски избраните институции и нивните семејства, не може тоа само да се регистрира.

Најави дека полицијата со сеопфатна истрага ќе утврди кој стои зад заканите.

Австриската полиција во изминатите недели предупредуваше на растечката радикализација во редовите на антиваксерите и противниците на корона-мерките, што се потврди на минатиот протест во Виена каде дојде до напад врз безбедносните сили.