logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Зариф: Иран подготвен за преговори со САД

Од:

Техеран не исклучува преговори со САД, и покрај тоа што иранскиот генерал Касем Сулејмани беше убиен во напад на беспилотно летало од САД, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во денешното интервјуто за германски „Шпигл“.

Тој додаде дека никогаш не ја исклучува можноста „луѓето да можат да го променат својот пристап и да ја сфатат реалноста“.

Иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон се зголемени по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор кон крајот на 2018 година, Зариф рече дека Иран сè уште е подготвен да преговара, иако го повтори барањето на својата земја САД прво да ги укинат санкциите.

– За нас не е важно кој седи во Белата куќа, за нас е важно како се однесува. Администрацијата на Доналд Трамп може да го поправи минатото, да ги укине санкциите и да се врати на масата за преговори. Ние сè уште сме на преговарачката маса. Тие се тие што си заминаа, истакна Зариф.

Тој посочи дека Иран е подготвен и за конфликт со САД, иако не образложи на што точно мисли..

– САД му нанесоа голема штета на иранскиот народ. Ќе дојде денот кога тие ќе треба да платат за тоа. Имаме многу трпеливост, рече Зариф.

Themes
ICO