Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Зеленски до своите функционери: Престанете да зборувате за нашата тактика

По експлозиите кои во вторникот уништија авиони во воздухопловна база на Крим, Њујорк тајмс и Вашингтон пост цитираат неидентификувани функционери дека за тоа се одговорни украинските сили. Владата во Киев, од друга страна, одби да каже дали таа стои зад експлозиите.

„Војната дефинитивно не е време за суета и гласни изјави. Што помалку детали откривате за нашите планови за одбрана, толку ќе биде подобро за спроведувањето на тие планови за одбрана. Ако сакате да генерирате гласни наслови, тоа е друга работа, но е искрено неодговорно. Ако сакате победа на Украина треба да бидете свесни за својата одговорност за секој збор кој ќе го кажете за плановите на нашата држава за одбрана или противнапади“, кажа Зеленски.

Тој своите коментари им ги упати на државните, локалните и воените функционери, како и на други луѓе кои, како што кажа, ги коментираат случувањата на фронтот.