Macedonia

Зошто луѓево се однесуваат ко да нема коронавирус?

Деновиве имам чудно чувство на дезориентираност кога ќе излезам надвор. Изгледа како да сум станала од многу длабок сон и сум се нашла во свет кој е неповратно променет.

Но тоа што ми е чудно не е Лондон од пред неколку недели, страшната и празна бина на која зачекоривме јас и мојот сопруг, на која Пикадили беше празен, освен маскираните кои чекаа ред во аптека, и славните рекламни паноа прекриени со позитивни и утешувачки пораки околу ковид-19. Не, она што сега ми беше чудно е како работите оставаат чувство дека сè се вратило скоро на нормала. Продавниците се отворени, сообраќајот продолжи да тече, музика ечи од автомобилите, групи луѓе седат во парк и си делат чипс. Се прашувам дали сум излудена што се чувствувам волку нервозно?

Луѓето од неколку куќи подолу организираат забава во нивниот двор. Во меѓувреме татко ми, во северозападен Велс, останува во речиси тотална изолација. Постојат географски разлики, но останатите разидувања се психолошки. Луѓето повеќе не се смараат со правилото за оддалеченост од 2 метра. Голем број не носат маски во продавниците. Луѓето повеќе не се тргаат на страна за да им дадат простор на другите на патеките во парковите.

Постојано имаше луѓе кои не ја почитуваа наредбата за седење дома, чиј начин за справување беше негирање, или чија перцепција на ризикот беше поразлична од мојата. Вознемирувачката серија на прозивање на луѓето која во еден момент ја зафати земјава изгледа заврши. Уште од почеток решив да не се возбудувам околу тоа што другите луѓе ги кршат правилата. Уште повеќе, си мислев, сакав да можам да се осврнам на ова, можеби за неколку децении, и да можам да кажам дека сум направила се што можам за да ги заштитам другите луѓе. Подобро приватно да изгубиш почит за некого, отколку да станеш претенциозен околу тоа, или да пробаш да ги понижиш.

Сега имаме луѓе кои живеат во два паралелни универзума. Во едниот има луѓе кои - знаејќи дека вирусот се уште не го снемало - се чувствуваат изманипулирани од фактот дека работи почнаа да се отвораат без да има апсолутно никаква научна причина за тоа.

Заради ова се чувствувам речиси како да излудувам. Всушност, последен пат кога го имав ова чувство на изместеност беше затоа што стварно излудував: имав агорафобија. Тогаш, јас не можев да разберам како луѓето продолжуваат со своите секојдневни животи во свет кој е толку заканувачко место. Еден роднина ми кажа дека нивното искуство со жалоста било слично несоодветно. Тие не можеле да испроцесираат зошто светот продолжил да се врти кога нивната мајка починала. Мислам дека луѓето кои изгубија роднини во пандемијава, и не се во можност да тагуваат по нив на вообичаен начин, се оние кои се чувствуваат поизманипулирани од сите.

А тука е и другиот универзум. Во тој универзум, сонцето блеска, и најлошото е минато. Изгледа убаво, овој универзум. Воопшто не им завидувам на овие луѓе. Можеби тие сметаат дека најлошото навистина поминало, или можеби тоа е само нивниот начин на справување со работите. Можеби тие се чувствуваат помалку ризични. Отсекогаш постоел оној тип на луѓе кои се чувствуваат дека на крај работите секогаш ќе бидат ОК, наспроти катастрофичарите меѓу нас.

Можеби, како и сите ние, ним веќе им се смачило од ова и донеле свесна одлука длабоко да вдишат и да се олабават, и да се обидат да живеат. Можеби тие цело ова време го минале работејќи во првите борбени линии, и можеби го немале луксузот да се сокријат себе си заедно со своето семејство и да ги контролираат интеракциите со други луѓе на исто ниво како што некои други, попривилегирани луѓе можеа, со нивните испораки на храна и интернет шопинг.

Не знам како, или кога овие две реалности ќе се спојат. Се сомневам дека попретпазливите меѓу нас постепено ќе почнат да се опуштаат точно на време за вториот бран инфекции, но дури и тогаш, мислам дека никогаш повеќе нема да се вратиме на целосна изолација во Англија, откако владата самата себе се покажа како неспособна - и неволна - да одржи такво нешто. Едноставно имав потреба да го ставам на писмено чувството на изместеност што го имаат многумина меѓу нас, за кога некој во иднината ќе ме праша зошто не сум се обидела да направам повеќе за да ги заштитам луѓето од смрт која била далеку од неизбежна, ќе можам да посочам кон ова и да кажам, е па, беше комплицирано време, и иако се правеа забави, исто така имаше и голема нелагодност.

Ријанон Луси Кослет,
Гардијан

Football news:

This is the best Milan in years: superkambekom with Juve (3 goals in 5 minutes!) saved the intrigue in Serie A
Zlatan Ibrahimovic: I am the President, player and coach! If I had been in Milan since the start of the season, we would have taken the scudetto
Sarri on the defeat by Milan: we played first-class football for 60 minutes. Then-turbidity
Pioli on the victory over Juve: Milan became a team. We can play even better
Pioli beat Juventus for the first time as a coach
Vardy has scored 10 goals for Arsenal in Premier League matches. Only Rooney has more
Ronaldo scores or gives an assist in 17 consecutive Serie A matches, where he scored 25 (21+4) points