Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

22 години од демонстрациите кои доведоа до паѓањето на Слободан Милошевиќ

Денес се навршуваат 22 година од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои се заврши владеењето на Слободан Милошевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Демонстрациите во Белград избија откако Милошевиќ одби да ги признае резултатите од изборите на 24 септември 2000 година за претседател на СР Југославија, на кои загуби од кандидатот за ДОС и лидер на Демократската партија на Србија (ДСС) Воислав Коштуница.

На 5 октомври демонстрантите од цела Србија пристигнаа пред тогашното Сојузно собрание, пробивајќи ги со булдожери полициските блокади. Зградата на собранието беше демолирана и запалена, како и зградата на РТС, а полицијата наскоро престана да се спротивставува и им се придружи на граѓаните.

Вечерта на 5 октомври 2000 година, новиот претседател на СРЈ, Воислав Коштуница им се обрати на граѓаните од терасата на Собранието на град Белград, а следниот ден, на 6 октомври, Милошевиќ го призна изборниот пораз и му честиташе на Коштуница.

Воислав Коштуница, кој беше избран за претседател на СРЈ како кандидат на ДОС, се повлече од политиката, а премиерот Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година испред зградата на српската влада.

Слободан Милошевиќ почина во 2006 година во затворот во Хаг, а неговата сопруга и поранешна претседателка на ЈУЛ, Мирјана Марковиќ почина на 14 април 2019 година во Русија и е погребана покрај нејзиниот сопруг во Пожаревац.

Тогашните учесници во владеењето на Слободан Милошевиќ денес повторно ги заземаат најважните позиции во Србија.

Тогашниот истакнат член на ЈУЛ, партијата на Мирјана Милошевиќ, а сега министер за внатрешни работи и лидер на Социјалистичкото движење Александар Вулин денеска, по повод одбележувањето на 5 октомври, порача дека Србија никогаш повеќе не смее да дозволи странците преку насилство и пари да ја одредуваат нејзината влада и да ја водат нејзината политика.

-Пред 22 години разузнавачките служби на земјите на НАТО организираа и поведоа државен удар. Доктрината на обоената револуција беше тестирана во Белград и до ден-денес продолжува да ги прави несреќни земјите и народите. На 5 октомври 2000 г. Уставниот поредок на СРЈ и Србија беше срушен со огромни пари, лаги и насилство. Изборите не се одржаа и завршија, а изборните документи беа палени и уништени за да се сокријат вистинските резултати на волјата на народот. Она што не успеа НАТО бомбардерите, тоа го направи српската НАТО пешадија, изјави Вулин, соопштија од неговата партија.

Сосем спротивна изјава од Вулин, денес даде вицепремиерката и член на Претседателството на СНС Зорана Михајловиќ, која кажа дека „граѓаните на Србија на 5 октомври ја одбраниле својата изборна волја и ја поразија мрачната политика која не изолираше од целиот свет, не доведе до војни и економски не уништи“.

– Деведесеттите години на минатиот век се најтемната страница во современата историја на Србија поради катастрофалната политика што ја одведе земјата во неколку војни, санкции и меѓународна изолација, заедно со репресивниот однос кон сопствените граѓани. Наместо уништување на иднината на Србија, граѓаните ја отфрлија таа политика и

се определија за отвореност кон светот, европските интеграции, развој, демократија и почитување на човековите права. Горда сум на фактот што, како и стотици илјади други граѓани, тој ден бев на протестот пред Собранието на Србија, бидејќи навистина верувам во режимски промени кои не функционираат во интерес на државата и нејзиниот општеството, рече таа.

Извор: МИА