Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

25.000 нарачки за помалку од една минута, клиентите ја урнаа страницата

Од: А1он

Mahindra Scorpio-N се покажа како огромен продажен хит на домашниот индиски пазар. Првите 25.000 примероци од овој SUV беа продадени за помалку од 60 секунди. Таквата брзина и масовност доведе до колапс на веб-страницата на компанијата, па многу луѓе заинтересирани да купат возила од првиот контингент останаа со кратки ракави.

dobivaj vesti na viber

Scorpio-N е SUV базиран на класична шасија и треба да го замени одамна веќе стариот модел Scorpio на пазарот и да донесе модерен стил и нови технологии во овој автомобилски сегмент на Mahindra.

Се продава со бензински и дизел мотори, а како опција е достапен и погон на сите тркала. Индискиот производител наведува дека првиот контингент од 25.000 примероци бил продаден по цена која во зависност од варијантата, моторот и пакетот опрема се движела од околу 15.000 до 25.000 долари.

Инаку, Mahindra претходно најави дека цените за идните нарачки ќе скокнат, што доведе до огромен налет на страницата во првите минути од продажбата.

Кога на 30 јули беа продадени 25.000 возила за само 55 секунди и страницата падна, многу фрустрирани Индијци се појавија на социјалните мрежи за да се пожалат дека не можат да нарачаат копија од автомобилот и да платат депозит.

Испораките на возилата до првите клиенти ќе започнат на 26 септември, а Mahindra вети дека ќе донесе уште една серија од 20.000 единици на пазарот до декември.