Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

30 мај 1913, завршила Првата балканска војна со поделба на Македонија

Сојузничките на сили на Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора со победа над Османслиското Царство и поделба на Македонија ставиле крај на Првата балканска војна.

Војната почната на 8 октомври 1912, а балканските сојузници успеале да ги поразат Османлиите и да стават крај на петвековната нивна доминација на Балканот.

Српската војска ги освоила Косово, Северозападна Македонија други области, Грција го освоила Епир, бројни острови во Егејското Море и Југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор е создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии каде што живеле во една политичка целина останало неостварено. Османлиското Царство ги изгубило своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со Источна Македонија потпаднале под бугарска власт.

Незадоволна од поделбата на Македонија, Бугарија веќе на 29 јуни ја започнала Втората балканска војна.