Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Албанија со сателити ќе ја надгледува својата територија

Албанската влада потпиша договор вреден шест милиони долари со Сателоџик УСА инк од Северна Каролина, соопшти кабинетот на премиерот Еди Рама.

Албанија со договорот ќе има на располагање два сателити, кои ќе се викаат „Албанија 1“ и „Албанија 2“, што ќе биде дел од претстојното лансирање кое сателоџиг го планира со американската вселенска компанија Спејсекс.

„Овие сателити ќе пружат од вселената досега невиден преглед низ земјата“, кажа директорот на американската компанија Емилијано Карџиман.

Властите соопштија дека сателитските слики ќе ѝ овозможат на Албанија да ги решава проблемите во областа на земјоделството, животната средина, спроведувањето на законите, сообраќајот, граничната безбедност и пожарите.

Рама изјави дека сателитите ќе ѝ овозможат на Албанија да го крене спроведувањето на законите на повисоко ниво, особено во борбата против корупцијата, и ќе ѝ овозможи посилно владеење на правото.

Владата во Тирана планира наскоро да купи и вооружени дронови, за да се бори „против тероризам или потенцијален непријател“, кажа Рама.