Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Албанското обвинителство побарало од Русија да го затвори каналот на групата „Татковина правда“ на Телеграм

Откако хакерите почнаа да објавуваат полициски тајни, албанското обвинителство испратило барање до руските власти за затворање на каналот на групата „Татковина правда“ на Телеграм, но засега нема одговор.

-Албанското обвинителство испрати барање до руското Министерство за правда за извршување на судска одлука за затворање на страницата „Татковина правда“ на апликацијата „Телеграм“. Оваа социјална мрежа е контролирана и администрирана од централни сервери во Русија, па извршувањето на бар ањето издадено од обвинителството на Тирана е упатено до овие власти, јави Ора њуз.

Барањето било испратено пред две недели, но од „канцелариите на контакт-офицерите во соодветните амбасади не преземале ништо за реализирање на ова барање“.

-Очигледно, потребата на албанската страна за заемна правна помош наиде на глуви уши во Русија, иако каналот Homeland Justice Telegram продолжува периодично да објавува тајни и чувствителни податоци за албанската држава. Во меѓувреме иранската хакерска група објави на мрежата Телеграм во понеделник наутро уште една база на податоци за лица осомничени за разни криминални дела во Албанија. Станува збор податоци за околу 105 илјади лица кои во системот МЕМЕКС низ годините полицијата ги евидентирала како осомничени, наведува телевизијата.

По објавувањето на податоците реагираше министерот за внатрешни работи Бледи Чучи кој објасни дека датабазата не е официјална и оти истрагите продолжуваат со ФБИ и Мајкрософт.

И премиерот Еди Рама изјави дека хакерите не допреле важни податоци, додавајќи дека објавените информации се фотомонтажа.

За разлика од нив опозицијата и елсперти од ИТ секторот и безбедноста сосотојбата ја оценуваат како загрижувачка и алармантна.