Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Али Ахмети го има народот зад себе, вели Груби

Тој во неговата објава наведе дека Ахмети ја земал моќта за дејствување од народот и го има народот зад себе во текот на целото негово политичко работење.

„Тој продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција. Тоа се докажа во сите прогресивни процеси низ кои мина државата, каде што Ахмети и луѓето зад него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ги задржаа вистинските колосеци на евроинтеграциите. Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина со тоа што ќе ви служиме на сите вас,“ посочи Груби, опишувајќи го лидерот на Демократската унија за интеграција, Ахмети.