Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Алијанса за Албанците: ДУИ ја кочи разврската за трагедијата кај Ласкарци

„Деновиве дознаваме една голема и многу горчлива вистина за жителите на Гостивар. Според истражувањето на организацијата Коалиција за правично судење, произлегува дека овој случај и вистината со години ги влече владејачката албанска партија ДУИ преку еден нејзин функционер кој доаѓа од градот Гостивар. 

По првото вештачење што беше направено за овој предмет, Судот наместо да излезе со правосилна пресуда, на 11 ноември 2021 година даде наредба за супер вештачење. Истото било побарано и од машинско-техничките факултети во земјава и сите, изненадувачки, одбиле, понекогаш велејќи дека немаат стручњаци, а понекогаш дека немаат што да понудат повеќе од првото вештачење. На крајот предметот завршува во Бирото за правни вештачења и таму се држи веќе 315 дена.

На иронија на судбината, директорот на Бирото за правни вештачења е Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар. По толку долго одложување, таквите кадри ќе требаше да бидат казнети и суспендирани од функцијата, но во овој случај Валдет Џафери беше награден со уште едно место, тоа на претседател на огранокот на ДУИ. Се прашуваме, на кого толку добро му послужи одолговлекувањето на вештачењето за да оваа личност заслужи вакво унапредување и награди!? Кој стои зад оваа трагедија што не дозволува казнување на вистинските виновници и се плаши тие да не издадат други имиња“, прашуваат од Алијанса за Албанците.

Алијанса за Албанците