Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Алијанса за Албанците: Од автобуската станица во Тетово ќе се оди по универзитетите и кон места за одмор

„Тетовчани од оваа станица во иднина треба да тргнуваат само на универзитети за специјализации и кон места за одмори и екскурзии. Младите можат да останат, па дури и да се вратат само ако им се даде можност да го градат градот така како што тие посакуваат. Заедно со нашите врсници ќе го вратиме животот во Тетово.

Досегашните партии им ја изгубија надежта на младите, додека ние ќе ја поддржиме секоја иницијатива, секоја идеја, секој проект во културата, спортот, уметноста, науката, се со цел за да се развиваат и да се осамостојат младите, а не да заглавуваат во судбината на шестмесечните договори. Младите знаат и имаат храброст да го градат Тетово на иднината, додека вам ви преостанува само да и дадете глас на младината“, изјави Идила Пустина.