Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Аман луѓе, си го оставивте ѓубрето во природата

И секој излетник ќе ви рече дека е тоа голема срамота што некој зад себе го оставил своето ѓубре, што не го зел со себе и не го фрлил во канта за отпадоци. Е тој „некој“ е веројатно некој од нас. Зошто? 

Зошто некој друг треба да го собира ѓубрето или бистрата река да го носи со себе, а дрвјата на брегот да бидат наѓубрени со нашите остатоци?

Вчера имаше малку луѓе. Но во други денови, особено за празници, брегот на реката е полн со излетници. Колку ли ѓубре има тогаш?

Инаку, во комплекстот на Марков Манастир е чисто, мирно и спокојно, како да е со километри, а не со десетици метри далеку од кесите и лименките.

Марков Манастир се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Вредно македонско културно и историско наследство. Во манстирот суштествува женско монашко сестринство. Манастирот е активен уште од 1.377 година. 

Текст и фото: П.Џ.