Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Анкета: Сега помалку Руси ја поддржуваат инвазијата, поддршката првпат падна под 50 отсто

Се покажа дека 64 отсто од испитаниците ја поддржуваат одлуката за делумна мобилизација. Мобилизацијата ја поддржале 56 отсто од испитаниците на возраст од 18 до 26 години, додека поддршката кај оние над 44 години е поголема од 70 отсто.

Меѓу аргументите во корист на мобилизацијата, испитаниците најчесто ја наведувале потребата од одбрана на татковината (56 отсто), потребата на армијата од поголем број мажи (22 отсто), потребата од побрзо завршување на специјалната воена операција (22 проценти) и довербата во одлуките на шефот на државата (10 проценти). Како контрааргумент, најчеста била тезата дека треба да се борат професионалните војници (67 отсто), пишува Комерсант.

Утврдено е дека повеќе од 60 отсто од анкетираните мажи биле уверени дека ќе се појават во воената канцеларија откако ќе го добијат повикот за мобилизација, а други 15 отсто ја навеле оваа можност како најверојатна. Само 11 отсто од нив сметаат дека не се подложни на мобилизација, а уште помал број, четири отсто од нив, имаат намера да го игнорираат повикот или да ја напуштат државата.

15 отсто од нив тврдат дека во нивното опкружување има луѓе што веќе ја напуштиле државата или имаат намера да го сторат тоа, што е за пет отсто повеќе од март годинава. Повеќето од оние што заминуваат или планираат да заминат се на возраст под 34 години.

Во споредба со јули, бројот на оние што се залагаат да продолжи таканаречената „специјална воена операција“ е намален за шест отсто и сега изнесува 46 отсто, што е првпат да падне под 50 отсто.

Пристапувањето на Доњецката народна република, Луганската, Запорожје и Херсонската област во Русија го поддржуваат 77 отсто од испитаниците, а само 16 отсто од испитаниците се против ваквата одлука.