Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Апасиев ја поднесе иницијативата на Левица за референдум за „францускиот предлог“

Станува збор за барање за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво со формулуирано прашање: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година".

Апасиев на прес-конференција кажа дека се собрани 750 потписи кои ги предадоа во собраниската архива и изјави не очекува опструкции од претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Ние не очекуваме опструкции, а доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието“, рече Апасиев и додаде дека верува оти ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се надеваме референдумската иницијатива да помине во добра волја и сериозно да бидат сфатени ставовите и барањата на опозицијата“, рече Апасиев.

Џафери минатиот месец ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдумско изјаснување по прашањето: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018", со образложение дека тој Договор има третман на ратификуван меѓународен договор и според Уставот има правна сила и не може да се менува со закон.

Апасиев за ваквото образложение тогаш рече дека Џафери го нема тоа право да ја отфрли иницијативата бидејќи се става во улога на уставен судија, а дека има можност да изнесе само формални забелешки кои би побарал подносителот да ги исправи. Тој го цитираше деловникот според кој Џафери е должен иницијативата да ја предаде на комисиска расправа, а одлуката се носи на пленарна седница на Собранието.