Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Археолози сметаат дека во гробницата на Тутанкамон се крие врата до гробот на Нефертити

Николас Ривс, поранешен кустос на одделот за египетски артефакти на Британскиот музеј, кажа дека експертите и претходно сметале дека такво нешто е возможно, но дека досегашните снимања со радари не ја потврдиле таа теорија.

Ривс откри дека цртежите кои го прикажуваат погребот на Тутанкамон се насликани преку цртежите како Тутанкамон ја закопува Нефертити, легендарната кралица на Египет и жена на кралот Енкатон.

„Откривме дека под нив има цртежи на самиот Тутанкамон, што докажува дека таа сцена изворно го прикажувала Тутанкамон како ја закопува својата претходничка Нефертити. Инаку не би го имало тој украс во гробницата на Тутанкамон“, кажа Ривс за Гардијан.

На украсениот северен ѕид е прикажано како фараонот Ај, наследникот на Тутанкамон, држи церемонијален сад и го изведува ритуалот „отворање на устата“ на мумијата за на покојникот да му се вратат шесте сетила.

„По деталниот преглед откривме траги од претходно име – Тутанкамон. Во својата првична верзија оваа сцена го прикажувала Тутанкамон како го врши погребниот ритуал за изворниот сопственик на гробницата, својата претходничка Нефертити“, наведува Ривс.

Гробницата на Тутанкамон е откриена пред точно сто години, а во неа се наоѓало огромно количество богатство кое на младиот крал, како што верувале древните Египќани, ќе му треба во задгробниот живот.

Ривс смета дека поради ненадејната смрт на Тутанкамон во 1324 година пред нашата ера, кога имал 19 години и владеел само девет години, била донесена одлука за итен погреб.

Кажа дека новите докази ја поддржуваат теоријата дека гробницата на Тутанкамон е само надворешниот дел на многу поголемата гробница подготвена за Нефертити, чии погребни одаи се скриени некаде во комплексот.

Ривс во 2015 година тврдеше дека снимки со висока резолуција на гробницата на Тутанкамон покажуваат линии под површините на исцртаните ѕидови, што сугерира дека таму има врата. Но, други експерти сметаа дека скенирањата не се доволно уверливи.

„Многу е лесно да се отпише оваа теорија како чиста фантазија, но открив дека во гробницата е менувана декорацијата на ѕидовите. Археолозите секогаш ги бунеше гробното место на Тутанкамон поради чудниот облик. Многу е мало и несоодветно за крал“, вели британскиот археолог.

Џорџ Балард, експерт за радарски и геофизички истражувања на згради и структури, подеднакво е возбуден од новото откритие и уверен е дека лажен ѕид го блокира влезот во проширениот дел од гробницата.

„Доказите кои до сега ги имаме упатуваат на тоа дека постои структура направена од човек, на северниот и источниот ѕид на ризницата. Но за некои тие не се доволно уверливи. Тоа е секогаш проблем во науката. Но ако постои структура, тоа значи дека некој ја изградил, а не градите во Долината на кралевите без некоја цел“, наведува Балард.