Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Авторите на стрипот Дилан Дог гости на Џифони Македонија

Стрипови од италијански автори ќе бидат изложени во фоајето на МКЦ. Меѓу гостите ќе бидат и Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Скопје, кој е познавач на светот на стрипот, а ќе учествуваат и Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, македонски стрип автори.

Изложбата ќе биде поставена до крајот на фестивалот – 10 октомври.

Денот на италијанскиот стрип е дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот.

Фестивалот „Џифони Македонија“ беше отворен синоќа во киното „Милениум“. Млади од седум држави, гости од „Италија Експериенс“ ја наполнија киносалата. Од денеска до 10 октомври тие ќе разменуваат искуства, ќе работат со професионалци од повеќе области поврзани со филмот и ќе ја покажат „Невидливата моќ“, што ја имаат, во духот на мотото на фестивалот.