Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Бајден до Путин: САД се спремни да го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пак, кажа дека одлуката на Путин за анексија е најсериозната ескалација на конфликтот откако Русија ја нападна Украина во февруари.

„Путин мобилизираше уште стотици илјади војници, неодговорно се заканува со нуклеарно оружје и сега незаконски припои повеќе украински региони. Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната“, кажа Столтенберг. „Ова е најголемиот обид за анексија на европска територија на сила од Втората светска војна“, кажа шефот на НАТО.