Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Банката на Англија предупредува дека Британија ќе падне во рецесија

Прогнозиран е пад на економијата во последните три месеци оваа година, како и негово продолжување до крајот на следната година.

Каматните стапки пораснаа на 1,75 отсто во време кога Банката на Англија се бори да го заузда наглиот пораст на цените, а инфлацијата би можела да надмине 13 отсто.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, соопшти дека знае дека е тешко поради цената на животот, но дека би било уште полошо доколку Банката не ги кренала каматните стапки.

Главната причина за високата инфлација и лошиот раст е наглото зголемување на цените на енергијата, предизвикано од западните санкции против Русија поради специјалната воена операција во Украина, пишува Би-би-си.

Банката на Англија предупредува дека стандардно домаќинство до октомври ќе плаќа речиси 300 фунти месечно за струја.

Очекуваната рецесија ќе биде најдолгиот пад од 2008 година, кога банкарскиот систем на Британија доживеа колапс и го прекина кридитирањето.с