Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Бектеши: Струјата за домаќинствата можеби нема да поскапи од Нова година

Министерот за економија, Крешник Бектеши гостуваше во „360 степени“ на „ТВ Алсат“ при што кажа дека ако се реализира планот на ЕСМ во последната четвртина од годината, тогаш најверојатно нема да поскапи цената на електричната енергија.

Бектеши вели дека постои можност да се избегне поскапување на струјата од Нова година.

„Граѓаните треба да се трудат да заштедат струја бидејќи така ќе се намали притисокот врз ЕСМ во производството на електрична енергија. Ако се реализира планот за производство на ЕСМ, тогаш можеби нема да се поскапи цената на струјата“, вели Бектеши.