Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Бесир Деари, заменикот на неколкумина директори на БЈБ на местото на Арафат Муареми

Деари така во МВР го заработи прекарот „вечен" бидејќи им беше заменик на директорите на БЈБ Бранко Бојчевски, Цане Чапрагоски, Љупчо Тодоровски-Радникот, Горанчо Савевски, Митко Чавков, Лазе Велковски и актуелниот Сашо Тасевски.

Речиси невидливиот кандидат на ДУИ беше заменик на 7 директори, а функцијата си ја вршеше во мандати на и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на 9 министри што од СДСМ. Што од ВМРО-ДПМНЕ, што технички министри (Хари Костов, Силјан Аврамовски, Љубомир Михајловски, Гордана Јанкулоска, Митко Чавков, Оливер Андонов, Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Наќе Чулев).

Во времето на протестите кои кулминираа со крвавиот четврток пролетта 2017-та, Чавков го предлагал Деари да биде началник на оперативниот штаб „Платформа", но тој се откажал по што со него раководеше токму тогашниот директор Митко Чавков (министер привремено беше Агим Нухиу).

По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија.

На веб сајтот на финансиската полиција, страницата резервирана за Бесир Деари стои празна и без ниту еден податок за човекот кој ја води оваа управа за борба со финансиски и функционерски криминал и злоупотреби до избор на нов директор.

Во јули, обвинителки од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршија претрес со судска наредба во Финансиската полиција и во кабинетот на Муареми во предистрага за злоупотреби по што Муареми поднесе кривични пријави против Вилма Русковска и обвинителките ги проверуваа наводите за криминал во Финансиската полиција.