Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Без рускиот гас Германците ќе издржат само два и пол месеци

Тој објасни дека во моментов Германија со забрзано темпо складира залихи, се подготвува за зимата, но тоа не е причина за опуштање. Веќе во октомври, според него, магацините треба да бидат полни 85 проценти во случај на неочекувано студена есен. Таа задача, нагласи тој, нема да биде толку тешка за исполнување како што е случајот со пополнувањето од 95 проценти во ноември.

„Не можам да ветам дека сите складишта на гас во Германија ќе бидат полни 95 отсто во ноември, дури и ако испораките се стабилни. Во најдобар случај, три четвртини од складиштата за гас може целосно да се наполнат“, оцени Милер.

Во моментов околу 20 отсто од гасот се испорачуваат преку „Северен тек“. Поради страв од целосен прекин во снабдувањето, Федералната мрежна агенција работи на приоритетно купување гас за некои производства, клучни за германската економија.

Претходно, првиот заменик-претседател на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Русија, Владимир Џабаров изјави дека Германија би можела да донесе одлука за стартување на гасоводот Северен тек 2 до крајот на оваа година, доколку се соочи со тешки последици од енергетската криза.

Европа сѐ уште е под притисок поради проблемите со испораките на гас од Русија. Извозот на руски гас падна по почетокот на инвазијата во Украина. Значително се намалени испораките преку „Северен тек 1“ и украинскиот гасоводен систем, а преку гасоводот „Јамал-Европа“ целосно се стопирани.