Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Иран поради убиството на Махса Амини

„Махса Амини имаше 22 години. Беше во посета на главниот град на својата земја. Полицијата ја уапси само поради марама на главата, а потоа заврши во болница каде набрзо почина“, потсети тој. „После тоа, по нејзината смрт, да кажам нејзиното убиство, видовме како бранот на гнев се претвори во протести низ целата земја во Иран“, додаде тој. Жозеп Борел го осуди „несразмерниот“ одговор на безбедносните сили кој „предизвика загуба на десетици животи и апсења“.

„Во Иран, како и насекаде, луѓето имаат право на мирни протести. Тоа е толку едноставно. И јасно е дека ова право не е загарантирано“, обвини шефот на дипломатијата на ЕУ. Неколку земји-членки ја повикуваат ЕУ да воведе санкции за одговорните за репресијата. На 12 април 2011 година, ЕУ воведе санкции кон Иран поради сериозно кршење на човековите права.

На 23 март 2012 година беа додадени дополнителни мерки, вклучително и ембарго на опрема што може да се користи за внатрешна репресија и на опрема што може да се користи за следење или пресретнување на интернет и телефонски комуникации на мобилни или фиксни мрежи. Овие санкции се во сила до 2023 година.

За состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 17 октомври би можело да се подготви нов пакет санкции. За негово усвојување потребна е едногласна одлука на сите членки.