Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Брисел соопшти дека внимателно ги следи настаните на Радио-телевизија Словенија

Од: А1он

Брисел внимателно следи што се случува со јавните медиуми во Словенија, соопшти денеска Европската комисија (ЕК) како одговор на штрајкот на новинарите на Радио-телевизија на Словенија (РТВС), кој се одржа вчера.

dobivaj vesti na viber

ЕК потсети на неодамна претставениот предлог на Европскиот акт за слобода на медиумите, чија цел, меѓу другото, е „јавните медиуми да не смеат да станат пропаганден канал на една партија“.

Одговарајќи на прашање словенечката новинска агенција СТА во врска со штрајкот на новинарите на РТВС, комисијата соопшти дека „ќе продолжи внимателно да го следи развојот на настаните, како и воопшто состојбата во областа на медиумите во Словенија“.

– Јавните медиуми играат клучна улога во обезбедувањето квалитетни и непристрасни информации, но поради нивниот статус и начин на работа, тие можат да бидат особено изложени на ризик од мешање и политичко влијание, рече Кристијан Виганд, портпарол на комисијата одговорен за владеењето на правото.

На ова предупреди и Брисел во годишниот извештај за владеење на правото, во кој и препорача на Словенија „да ги зајакне правилата и механизмите за зајакнување на независното управување и уредувачката независност на јавните медиуми, притоа почитувајќи ги европските стандарди во однос на јавните медиуми“.

Извор: МИА