Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Британија: Русија изврши напад, уби цивили за кои сега тврди дека се нејзини граѓани

Од: А1он

Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили презеле потези кои резултирале со „убиства на цивили за кои сега тврди дека се нејзини граѓани“.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, Путин вчера потпиша договор за анексија на четири окупирани региони во Украина, со што беше означено најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна.

Министерството за одбрана соопшти дека Русија троши „стратешки вредни воени средства“ во обидите да добие тактичка предност. Се додава дека Русија речиси сигурно вчера извршила напад врз конвој надвор од градот Запорожје, каде локалните медиуми објавија дека загинале 25 цивили, а повеќе од 50 се повредени.