Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Британската премиерка не се откажува од контроверзниот план кој ја урна фунтата

Таа оцени дека владата ќе ги преземе контроверзните чекори за да се оствари економски раст.

„Го поставивме вистинскиот план“, кажа таа за Би-би-си. Додаде дека била неопходна итна акција за да се поттикне економскиот раст, „Британија да оди напред и да се справи со инфлацијата, а тоа значи носење контроверзни и тешки одлуки“, пренесува Ројтерс.

Новата британска влада го најави најрадикалниот буџет во последните 50 години. Целта е достигнување економски раст од 2,5 отсто. Новите мерки ја шокираа берзата и предизвикаа пад на акциите и тонење на фунтата.

Сите најавени зголемувања на даноците се поништени, намален е данокот на приход, а таксата за купопродажба на недвижности е укината до вредноста од четврт милион фунти.

На прашањето дали ќе се повлече мини-буџетот, Трас одговори дека не ја прифаќа „премисата на тоа прашање“.

„Се соочуваме со тешки времиња за економијата. Тоа не го негирам. Тоа е глобален проблем. Но апсолутно е правилно тоа што владата реагираше во овие тешки времиња“, кажа премиерката на Британија.

Според неа, планот е Британија долгорочно да се насочи на подобар пат.