Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Брнабиќ за тоа колку би можела да живее со минималец: „Неколку дена“

Водителката ја праша Ана Брнабиќ за српски санкции против Русија.

„Од почетокот на војната во Украина Србија остана единствената земја на европскиот континент (покрај Белорусија) која не ѝ воведе санкции на Руската Федерација. Но ние на крајот сме единствената земја која не ја смени својата позиција и во таа смисла ние сè уште ја браниме таа позиција и таа позиција е сосема јасна.

Уште еднаш да кажам сосема јасно и за нашите граѓани и за нашите странски партнери – нашата позиција во тоа не е неутрална. Ние во заклучокот на Советот за национална безбедност јасно ја осудивме агресијата на Украина како кршење на основните принципи на меѓународното право, затоа што претставува повреда на територијалниот интегритет на една меѓународно призната држава. Но ние исто така во тој заклучок, на што сè уште стоиме, кажавме дека не е во нашиот национален интерес да ѝ воведуваме санкции на Руската Федерација.

Има и други нешта зошто не ѝ воведуваме санкции на Русија. Не е само поради енергетиката. Тоа е, нормално и затоа што Русија е една од тие големи сили која го брани територијалниот интегритет на Србија во Советот за безбедност на Обединетите нации. Има тука уште неколку причини, вклучувајќи ја и таа дека ние бевме под ужасни санкции во деведесеттите и што нашиот народ не е за тие санкции“, кажа српската премиерка.

Се осврна и на актуелната економска ситуација. водителката ја праша дали грејната сезона ќе почне на време.

„Да. Она што секојдневно го гледаме, верувале или не, е каква ќе биде временската прогноза и каква ќе биде оваа зима. Секој ден ни е важен и секоја заштеда ни е важна затоа што тоа ќе значи повеќе пари за некои нови проекти.

Верувајте дека секоја сериозна држава и државни во овој момент ја гледаат временската прогноза. Ние ги планираме резервите до крајот на грејната сезона, до крајот на зимата, практично планираме заклучно со март.

Ќе има ли недостиг? Даваме сè од себе да не дојдеме во таква ситуација. Фала му на Бога што го завршивме Балкански тек, гасоводот низ Бугарија и Србија, што ни дава стабилност“, кажа Брнабиќ.

Таа го искоментира и минималецот кој во Србија е зголемен на 40 илјади динари, околу 20 илјади денари. Водителката ја праша Брнабиќ колку долго таа може да живее со толку пари, а српската премиерка одговори: „Неколку дена, претпоставувам“.