Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Брзи и бесни“ во Македонија: Полицијата улови 150 возачи за брзо возење

Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, полицијата санкционираше 150 возачи.

Од нив шестмина со возилото управувале со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.