Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Четвртиот член на терористичата група „ИД Битлси“ е уапсен, обезглавувале пред камери

Наречен „четвртиот Битл“, Дејвис е осомничен дека е член на банда лондончани за која се вели дека е одговорна за киднапирање заложници за Исламската држава (ИД) во Сирија, обезглавување на некои жртви пред камера пред да ги објават видеата на интернет. Дејвис е обвинет дека бил дел од ќелијата на киднапери и убијци на ИД која киднапирала десетици странци во Сирија меѓу 2012 и 2015 година. Заложниците ѝ го дале прекарот на џихадистичката група „Битлси“ поради нивниот британски акцент.

Полицијата, која се занимава со истраги за тероризам во Велика Британија, во соопштение објави дека уапсила маж на аеродромот Лутон, кој моментално е „во полициски притвор“, без да го именува.

A British man accused of being a member of a notorious Islamic State terror cell dubbed "The Beatles" has been arrested on terror charges after landing in the UK https://t.co/p6oOAKdmNE

— The Telegraph (@Telegraph) August 11, 2022

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи објави во соопштение дека британскиот државјанин е депортиран од Турција во Обединетото Кралство, но дека „не е соодветно да се дадат дополнителни информации бидејќи полициската истрага е во тек“.

Би-би-си објави дека се верува дека ќелијата „Битлси“ се состоела од четири члена - сите пораснати во западен Лондон. Тие доброволно се пријавиле да се борат за ИД во Сирија и завршиле како чувари на западните заложници. Американските власти соопштија дека групата убила 27 заложници, обезглавувајќи неколкумина.

Пред да се радикализира, Дејвис бил осудуван за кривични дела поврзани со дрога и бил затворен во 2006 година за поседување огнено оружје. Откако го прифатил исламот, го променил името во Хамза и го запознал Мохамед Емвази, кој медиумите го нарекуваат Џихади Џон. Двајцата биле дел од групата која радикализирала муслимани кои живееле во Лондон. Дејвис го напуштил Обединетото Кралство за да се приклучи на ИД во 2013 година.

Тој бил уапсен во близина на Истанбул во 2015 година, а турскиот суд две години подоцна го осуди за учество во терористичка организација. На судењето, Дејвис призна дека го познавал Емвази од молитва во истата џамија во западен Лондон, но негираше дека е негов пријател или дека е член на „ИД Битлси“.

Водачот на ќелијата, Мохамед Емвази, познат како Џихади Џон, бил убиен во Сирија во напад со беспилотно летало во 2015 година. Другите двајца членови на групата се во американски притвор откако биле заробени од курдските сили во Сирија во 2018 година.