Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Д-р Петличковски: 50 проценти од населението се вакцинирани

Д-р Александар Петличковски во вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко столче“ информираше дека 50 проценти од вкупното население во Македонија е вакцинирано. Во врска со колективниот имунитет, рече дека имаме остварено солидно ниво, како и во целиот свет. Но, порача дека тоа не значи гаранција за неинфицирање.

– Некои повеќепати прележале, 50 проценти од населението се вакцинирани. Лицата со хибриден-комбиниран имунитет се најзаштитени од нови инфекции и тежок тек на болеста и затоа нема голем притисок врз здравствените установи, информира Петличковски.

За протоколите и новите начини за лекување, рече дека тие само се прилагодуваат на новите верзии.

Петличковски не ја исклучи и можноста за враќање на маските во училиштата, доколку се појави потреба за тоа..