Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Д-р Петличковски за Канал 5: Нема потреба од нови мерки

Ние на сите состаноци ја дискутираме потребата од нови мерки или укинување на постоечките. На последниот состанок заклучивме дека последните препораки за носење маски и избегнување гужви се точни димензионирани за нашата ситуација. Во нашата денешната ситуција со околу 170 хоспитализирани со Ковид-19 во болниците, од кои 20 во Инфективната клиника и ниту еден со тешка клиничка слика, сметаме дека нема потреба од воведување неопходни нови рестриктивни мерки и тие треба да ги чуваме за повеќе потребна состојба, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски  во гостување на емисијата „Жешко политичко столче“ на КАНАЛ 5 ТВ.

Според него, се чини дека се приближуваме до пикот на овој ковид-бран кој ќе трае неколку недели.