Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Денарот станува девиза во Србија

„При донесувањето на одлуката за вклучување на македонскиот денар во листата на валути со кои се тргува на домашниот девизен пазар, Народната банка на Србија се водеше од развиените економски и други форми на соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, како и на потенцијалот за понатамошен развој на оваа соработка, особено по започнувањето на иницијативата Отворен Балкан“, соопшти банката.

Од Народната банка на Србија посочија дека воведувањето на македонскиот денар во листата на валути со кои може да се тргува во Србија треба да го олесни остварувањето на дефинираните цели на оваа иницијатива.

Народната банка на Србија од 1 ноември ќе започне со објавување на урсната листа за официјалниот среден курс на динарот и курсната листа за девизи, во која ќе бидат вклучени курсевите на динарот во однос на македонскиот денар и на дирхамот, додека курсот на динарот во однос на хрватската куна ќе биде исклучен од 1 јануари 2023 година.