Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Денес се отвора ЛАВОВСКАТА ПОРТА, еве што им носи таа на овие три хороскопски знаци

Енергетскиот портал на Лавовската порта, кој се појавува на 8 август, ќе има силно влијание врз сите знаци на Зодијакот.

Осмиот ден од август се формира нумеролошката низа 8-8 што за астрологијата значи – отворање на портал наречен Лавовска порта. Ќе има влијание до 12 август, постепено ќе слабее, но најсилен ќе биде првиот ден, односно на 8 август.

Астролозите истакнуваат дека овој астролошки портал ја зајакнува интуицијата на припадниците на повеќето знаци на Зодијакот во наредните денови, дека енергетските вибрации ќе бидат високи и дека ќе доживееме ослободување на преостанати и негативни емоции. Се очекува зајакнување на креативноста, како и воспоставување хармонија.

Три знаци особено ќе уживаат во благосостојбата што ја овозможува Лавовската порта:

Вага

Престанувате да се нервирате премногу за другите и конечно, се фокусирате на себе.

Целата енергија ќе ја насочите кон сопственото задоволство и потрагата по мир, но тоа не значи дека Лавовската порта ви носи себичност. Напротив, конечно ќе се освежите и ќе бидете подобри за себе и за другите.

Јарец

Во случајот со припадниците на овој хороскопски знак, интуицијата ќе биде на својот врв.Очекувајте вашиот внатрешен глас да биде, иако понекогаш премногу груб јасен, прецизен и сигурен. Верувајте си на себе, ако имате можност да донесете важна одлука.

Стрелец

Малку хаотичниот Стрелец сега воведува ред во својот живот. Астролозите велат дека отворањето на Лавовската порта ќе му даде на овој знак контрола над се што се случува наместо, како и обично, да попушти пред почетокот на настаните. Искористете ја оваа прилика да направите јасен план на обврски и да се откажете од него, па сигурно ќе бидете задоволни и по затворањето на овој портал.