Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Десет месеци без дежурен педијатар: Охриѓани и туристите мораат да ги носат болните деца во Струга

Десет месеци по затворањето на Детското одделение во Охридската болница поради недостиг на педијатри, нема решение за овој исклучително сериозен проблем. Не само жителите, туку и туристите од земјава и странство  во Охрид се револтирани што во ноќните часови, во викендите и празниците, болните дечиња на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат до Струга, пренесува ТЕЛМА.

За оваа катастрофална состојба во Општата болница во Охрид телевизијата побара одговор од новиот директор Асен Шајн, но пренесуваат дека тој немал време да одговори на прашањата на Телма. Кусо рече дека се бара решение.

Во болницата има само двајца педијатри, кои велат дека ваквиот начин на работи и недостигот на персонал е голем проблем. Во моментот на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската  амбуланта  во две смени од 8 до 20 часот.

И од Министерството за здравство немаат конкретен одговор, велат  дека се бара начин за надминување на предизвикот со педијатрите во рамките на законските можности, а решение најавуваат на подолг рок.

Целата вест прочитајте ја на ТЕЛМА