Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Девизните резерви растат, во јуни биле 3,2 милијарди евра

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,3%) по што следуваат валутите и депозитите (17,7%) и монетарното злато (12,0%).

Девизните резерви, според Народната банка, се одржуваат во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди. За ова придонесува високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата.

Движењата на девизниот пазар засега се поволни, односно притисоците од енергетската криза во моментов се значително намалени, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Во вакви околности, Народната банка во текот на јули и август интервенира со откуп на девизи, што дополнително го зголемува нивото на девизни резерви.